Mohamed Sabry Emam Muhammed
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
ГАЗА (АА) - Високиот официјален претставник на Хамас, Емад ал-Елеми, денеска е ранет во Појасот Газа, соопшти палестинското движење, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Хамас, Февзи Бахрум, изјави дека Ал Елеми го погодил куршум во главата додека го проверувал приватното оружје во својот дом.
Тој наведе дека здравствената состојба на високиот претставник на Хамас е критична.
Повикувајќи се на болнички извори, телевизијата Акса исто така објави дека Ал Елеми со рана од куршум во главата е однесен во болницата Ал-Шифа.