Recep Şakar
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
МЕЛБУРН (АА) - Температурите, кои овие денови се движат и до 45 степени Целзиусови, доведоа до смрт на стотици лилјаци во австралискиот град Сиднеј, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Сиднеј, пред два дена живата на термометарот достигна 47,3 степени Целзиусови, со што тој ден го направи најтопол ден во тој регион, од 1939 година.
Локалната медиумска куќа „Camden Advertiser“ објави дека во неделата беа забележани 45,1 степени, што довело до смрт на повеќе од 500 лилјаци.
Кејт Рајан, директорка на Канцеларијата за заштита на лилјаци „Flying Fox Campbelltown“, изјави дека лилјаците, поради високите температури, имале изгореници.
Службата за информации за спасување и образование на дивите животни во Нов Јужен Велс соопшти дека волонтерите биле на терен и им давале вода на лилјаците. На тој начин беа спасени повеќе од сто лилјаци. Сепак, стотиците кои беа залепени на дрвјата, не преживеаја.
Во септември 2017 година, Австралијците беа предупредени за опасноста од високи температури и пожари во оваа летна сезона по една од најсушните зими, откако постојат официјалните мерења во областа.
За време на викендот беше забележан и најтоплиот ден во изминатите 79 години.