AP
04 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Рускиот хеликоптер кој минатиот месец со осум лица во лет се урна во близина на арктичкиот архипелаг Свалбард, е извлечен од морското дно на Арктикот, јавува Anadolu Agency (AA).
Комисијата за истражување на несреќи на Новрешка соопшти дека ниту едно од исчезнатите лица не е пронајдено во остатоците од хеликоптерот, кој на 26 октомври падна во близина на населбата Барентсбург на Свалбард. До сега е пронајдено само едно тело. Хеликоптерот од типот Mi-8, е лоциран на длабочина од 210 метри.
Од комисијата рекоа дека диктафонот од пилотската кабина бил пронајден во пронајдените остатоци од хеликоптерот, и дека ќе биде пратен во Москва на детална анализа.
Во соопштението на комисијата се додава дека продолжува потрагата по исчезнатите лица и црната кутија во хеликоптерот.