AP
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
ХАНОЈ (АА) - Тајфунот Дари го погоди јужниот и централниот брег на Виетнам усмртувајќи едно лице, додека петмина се водат за исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Управата за управување со катастрофи на Виетнам (VDMA) велат дека тајфунот однел кровови од илјадници куќи, и урнал стебла и столбови за електрификација.
VDMA информира дека утрово, пред доаѓањето на тајфунот на безбедно се евакуирани повеќе од 35.000 жители на загрозените села. На учениците во неколку покраини им е соопштено да останат во домовите, за да бидат на безбедно.
Ова е втора природна катастрофа која ја погоди источна Азија за помалку од месец дена. Во тропските бури минатиот месец загинаа 75 лица, а 28 се водат за исчезнати.