AP
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
БЕЈРУТ (АА) - Либанскиот премиер Саад Харири по враќањето од патувањето во Саудиска Арабија, неочекувано соопшти дека поднесува оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во телевизиското обраќање тој го обвини Иран и либиската група Хезболах за мешање во арапските работи и додаде:
„Иранското оружје во оваа регија ќе биде укинато”.
Харири е именуван за премиер на Либан во 2016 година и го предводеше 30 члениот кабинет на националното единство во кој учествуваа и претставници на шиитската група Хезболах
Владата во голема мерка успеа да ја заштити земјата од ефектот на долгогодишната граѓанска војна во соседна Сирија.
Се очекува дека оставката на Харири значително да ги зголеми тензиите во земјата. За време на своето обраќање, Харири рече дека се плаши за својот живот и дека атмосферата во земјата наликува на онаа кога во 2005 година е убиен неговиот татко и поранешен премиер Рафик Харири.