Adem Şalvarcıoğlu
12 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ХАНОЈ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би било добро кога би бил пријател со лидерот на Северна кореја, Ким Џонг-ун, но се сомнева дека ќе дојде до тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп за време на посетата на Виетнам, во Ханој се состана со претседателот на таа земја Тарн Даи Куанг.
Американскиот претседател на прес-конференцијата по состанокот изјави дека сака праведна и двострана трговија.
„До денес овој принцип не се применуваше кон САД. САД се менуваат и тоа се менува. Сите земји би требале да воспостават трговски односи почитувајќи ги правилата. Подготвени сме да воспоставиме трговски односи со сите земји кои ги почитуваат правилата “, изјави Трамп.
Осврнувајќи се на прашањето за Северна Кореја, Трамп изјави дека сите земји би требало да реагираат на заканите на Пјонганјг.
„Не сакаме провокации, туку напредок. Сакаме стабилност, а не неред. Сакаме мир, а не војна“, порача Трамп.
Пријателството со лидерот на Северна Кореја би било позитивен чекор за целиот свет.
„Би било добро кога со него би можеле да бидеме пријатели. Се сомневам дека тоа ќе се случи, но тоа би било добро за целиот свет“.
Тој се осврна и на прашањето на Русија и изјави дека треба да соработува со Русите за да се искорени тероризмот.
„Во светот постојат многу проблеми, како Северна Кореја, Сирија и Украина. Треба заеднички да работиме за нивно решавање“, смета Трамп.
По средбата во Виетнам, Трамп ќе отпатува на Филипините, кои се последна станица за време на неговата 13-дневна посета на азиските земјите.