Eşber Ayaydın
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
ИЗМИР (АА) - Тимовите на турската крајбрежна стража фатија 49 странски државјани во обид илегално да преминат од Турција во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Со помош на радари беше откриен гумен чамец со којшто пловеа илегалните мигранти, кои се обидуваа да стигнат до грчките острови.
Фатени се 49 лица, граѓани на Сирија, Јужна Африка, Камерун, Того, Мали, Нигерија и на Еритреја, а меѓу нив има жени и деца.