İlkay Güder
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара порача дека пред Турција стојат нови можности и сосема нови хоризонти, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денеска имаше обраќање во Народниот конгресен културен центар „Бештепе“ во Анкара, по повод 79-годишнината од смртта на основачот на модерна Турција и прв претседател на Република Турција, Кемал Ататурк.
Во таа пригода, тој истакна дека одбележувањето на годишнината од смртта на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, не треба да остане церемонијална.
„Треба да се обидеме да го разбереме Ататурк. Десетти ноември, како и сите други важни државни датуми, треба да биде обележан во тој дух“, рече Ердоган.
Осврнувајќи се на денешна Турција, Ердоган рече дека пред неговата земја денеска стојат нови можности и сосема нови хоризонти.
„Во последно време, многумина правеа напори да нѐ загрозат, па потрошија и повеќе од средствата наменети за таа цел. Откриени се фашистите со изглед на демократи. Откриени се игри нашминкани со правото и правата. Откриени се предавници кои со години се инфилтрирале во сите пори на општеството и државата. Откриени се целите и актерите на обидот за воспоставување терористички коридор долж нашата граница. Пред Турција која е созреана и расипа многу такви игри, денес, фала му на Бога, има многубројни други можности, сосема нови хоризонти“, рече Ердоган.
Претседателот на Турција рече дека во тешките времиња од минатиот век, секоја земја пронашла лидер и под негово водство се движела кон спасот и слободата.
Тој истакна дека е мал број на лидерите кои успеале својата земја да ја доведат до посакуваните победи и успеси, и додаде:
„Без каков било сомнеж, Ататурк е еден од тие лидери. Она што денеска е проблем на еден одреден менталитет е што Мустафа Кемал Ататурк, симболот на слободата на нашата нација, настојува да го користи како материјал за сопствени идеолошки цели.