Muhammed Bilal Kenasari
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД), Хедер Нојерт, го изнесе ставот на САД околу договорот на Турција со Русија за купување ракетен систем за одбрана S-400, при што истакна: „Важно е земјите-членки на НАТО да користат воени материјали што се компатибилни со системите на НАТО“, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката Нојерт на вчерашната прес-конференција одговари на прашање во врска со договорот меѓу Турција и Русија за купо-продажба на ракетен систем за одбрана S-400.
„Важно е земјите-членки на НАТО да користат воени материјали што се компатибилни со системите на НАТО. Доколку Турција, како што се зборува, се снабди со системот S-400, тоа нема да одговара на стандардите, и тоа нас нѐ загрижува“, рече Нојерт.
Владимир Кожин, советник на Владимир Путин, задолжен за воено-техничката соработка, за руската новинска агенција ТАСС изјави дека е потпишан договор меѓу Русија и Турција за испорака на ракетниот систем S-400 и се очекува тој да се реализира.