Faruk Zorlu
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди југозападниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата за катастрофи и ургентни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот ја погодил областа Денизли во 9:34 часот (0634 GMT).
Епицентарот на земјотресот бил во јужниот рурален дел на областа, во подрачјето на Аџипајам, на длабочина од 11,36 километри.

Подрачјето е погодено и од два последователни потреси со јачина од 4,8 и 4,5 степени.
Земјотресот се почувствувал низ целиот Егејски Регион и јужно од Мраморното Море.
Гувернерот на Денизли изјави дека нема пријавено жртви.