Ömer Tuğrul Çam
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Република Турција најостро ги осуди и отфрли коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за поддршката која Турција ѝ ја пружа на легитимната Влада на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Единствено со губење на памет може да се објасни оценката на францускиот претседател Макрон дека претставува ‘опасна игра’ поддршката која нашата земја ѝ ја пружа на легитимната Влада на Либија на нејзино барање и во рамките на одлуката на ОН. Доколку уважениот Макрон го преиспита своето сеќавање и трезвено размислува, ќе се сети дека причината за моменталната криза во Либија се напади кои ги извршува пучистот Калифа Хафтар кого и сам го поддржуваше, дека повторно истиот барон на војната Хафтар беше тој кој одби да го потпише примирјето во Москва и Берлин“, се наведува во пишаното соопштението на портпаролот на Министерството, Хилми Аксој.
Аксој продолжи со зборовите дека Франција е таа што игра опасна игра во Либија затоа што со години поддржува нелегитимни сили и има голема одговорност за втурнувањето на Либија во хаос.
Истакнувајќи дека Макрон сака да ги прикрие овие реални факти со лажни и неосновани обвинувања против Турција, Аксој рече дека народот во Либија никогаш нема да заборави на штетата што Франција ѝ ја направила на земјата со сопствените себични интереси и интересите на нејзините сојузници.
„Франција треба да ги покаже своите принципиелни ставови со истрага на масовните гробници во Тархуна и други воени злосторства извршени против невините либиски цивили од страна милитантите и платениците кои војуваат под командата на пучистот Хафтар“, рече Аксој.
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Аксој, во продолжение рече дека не поминал незабележано ниту молкот на Франција за египетските закани за интервенција во Либија, кој исто така го поддржува пучистот Хафтар.
Тој исто така рече дека Франција треба да разбере веќе еднаш дека нема право да се меша во донесување одлуки во Источниот Медитеран, на кој нема свој брег.
„За жал, одамна е јасно дека Франција не пристапува и не ги коментира случувањата во Источниот Медитеран на здрава основа и непристрасност. Јасно е дека таа дури и не го сака тоа“, рече Аксој.
Аксој исто така рече дека НАТО ја докажал својата подготвеност за време на пандемијата на Ковид-19 и дека на сите им е познат силниот став на Турција во алијансата, а коментарите на Макрон за мозочната смртта НАТО ги опиша како нефер и неточни.
„Франција и францускиот претседател ги повикуваме врз основа на пријателски и сојузнички врски и сериозен државен став да ги користат постоечките канали за дијалог и да се откажат од потезите со кои ги загрозуваат безбедноста и иднината на Либија, Сирија и Источниот Медитеран“, порача Аксој.