Cemil Murat Budak
18 Јуни 2021•Ажурирај: 19 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Државното обвинителство на Турција издаде налог за лишување од слобода на 61 лице осомничени за финансирање на терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Налозите се издадени врз основа на истрагата која Кабинетот на државното обвинителство во Анкара ја спроведе следејќи ги банкарските сметки и комуникацијата на осомничените.
Постапувајќи по налозите, турската жандармерија утринава покрена истовремени акции во 12 области. Досега се приведени 40 осомничени.
Турција во 2013 година беше меѓу првите држави кои ја прогласија ДЕАШ за терористичка организација. Терористите на ДЕАШ во повеќе наврати извршуваа напади во Турција. Во најмалку десет бомбашки и четири оружени напади терористите на ДЕАШ во Турција убија 315 лица, а стотици беа повредени.