Çiğdem Münibe Alyanak,Hanife Sevinç
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција е во фаза овој турбулентен период да го остави зад себе, покажувајќи поодлучен став од развиените земји, јавува Агенција Анадолија.
Турскиот претседател, воедно и претседател на турската Партија за правда и развој (АК Партија), на обраќањето на состанокот на Централниот извршен одбор на партијата, се осврна на актуелните настани.
Преку видеоконференција, Ердоган се осврна на ублажувањето на мерките во борбата против Ковид-19 во земјата што ќе започнат од идната недела и рече дека верува во тоа дека деловните субјекти и луѓето дека ќе ги спроведуваат мерките, инаку во спротивно може да има потреба од повторно заострување на мерките.
Истакнувајќи дека заедно ќе работат напорно за инвестициите, производството, вработувањето, извозот да стигне до посакуваното ниво, Ердоган нагласи:
„Периодот што го живееме покажува дека земјите што се нарекуваат развиени земји немале силна економска и социјална структура колку што сме замислување ние. Турција е во фаза овој турбулентен период да го остави зад себе, покажувајќи поодлучен став од развиените земји во секој поглед. Табелата пред нас овозможува како земја и како нација да имаме поголема самодоверба во себе“, подвлече Ердоган.
Тој истакна дека мора што побргу да се санира штетата предизвикана од епидемијата врз турската економија, и дека мора да продолжат да се движат кон зацртаните цели за 2023 година.
„Турција не можи да си дозволи да изгуби дури ни еден ден. Ние мора да продолжиме да се движиме кон нашите цели за 2023 година што е можно побрзо и поодлучно“, рече турскиот претседател, додавајќи дека се надева дека достигнувањата за време на епидемијата ќе ги претворат во поголеми успеси на регионално и на глобално ниво.