Sertaç Bulur
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во антитерористичките операции во Турција организирани во периодот од 25 јуни до 2 јули се неутрализирани 36 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека припадниците на силите за безбедност во последните седум дена спровеле 1.363 акции насочени против сепаратистичката организација ПКК.
Во акциите се приведени 170 лица осомничени за давање помош на терористите на ПКК, 33 поради поврзаност со ДЕАШ, 777 во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО и пет во рамките на борбата против левичарските терористички организации.
Во планираните операции фатени се 3.856 лица, од кои 985 се приведени за терористички активности, 66 поради нелегална миграција, додека 2.805 за трговија со опојни средства и за криумчарење.
Неутрализирани се 36 терористи, од кои 21 се убиени, четворица заробени, додека 11 се предале.
Во акциите во Мардин и Ширнак се уништени две скривалишта, пештера и засолниште, како и 11 рачно изработени експлозивни направи.
Во текот на борбата против наркомафијата запленета е поголема количина опојни средства, поточно 314 килограми марихуана, 252 килограми хероин, 13 килограми кокаин, 4,5 килограми метамфетамин и 449.876 стебла канабис.
Во рамките на борбата против илегалната миграција, фатени се 3.138 мигранти, од кои 457 во морскиот простор на Турција, а 66 лица се приведени поради обвинение за организирање нелегални преминувања.