Yeşim Sert Karaaslan
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
МАДРИД (АА) - ЈЕШИМ СЕРТ КАРААСЛАН - Околу 1.500 научници од светот ќе се соберат на првиот „Меѓународен конгрес за трансплантациска мрежа“ (International Transplant Network Congress) којшто за прв пат ќе се организира во октомври во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на турската Фондација за трансплантација (TONV) учествуваше на Меѓународниот конгрес за трансплантација кој се одржа во шпанскиот главен град, Мадрид, организиран од страна на „Transplantation Society“, најголемата организација во светот во оваа област.
Отворен беше штанд каде што беа презентирани информации за активностите и научните програми кои се реализираат во оваа насока. На штандот беше најавен и првиот „Меѓународен конгрес за трансплантациска мрежа“ кој ќе ги обедини здравствените експерти, како и етичките и правните експерти кои работат во областа на трансплантацијата во развиените земји и во земјите во развој.
На овој меѓународен конгрес што ќе се одржи од 17 до 21 октомври во турскиот град Кемер, ќе учествуваат околу 1.500 научници, од кои околу 500 научници од земјата, и околу илјада научници од 76 различни земји од светот меѓу кои Германија, Франција, Италија, Сенегал, Нигерија, Кенија, Етиопија, Египет, Малезија, Индија, Пакистан, Мароко, Тунис и Алжир.
На Конгресот свое обраќање ќе имаат бројни водечки имиња во светот од областа на трансплантацијата, а ќе се одржат и 144 сесии во различни категории.
Исто така, на Конгресот ќе се дискутира за различни теми како што се последните практики во трансплантација на срце, бели дробови, црн дроб, и бубрези, нови технологии во трансплантацијата, меѓународни работи во насока на спречување на кривичните дела во врска со трансплантацијата, теми околу сите етички и правни димензии на трансплантацијата, донирање органи, како и други теми.
Претседателот на турската Фондација за трансплантација, Ејуп Кахвеџи, во изјава за АА истакна дека овој конгрес, којшто за прв пат се организира во Турција, е многу значаен за Турција.
Конгресот, рече Кахвеџи, од еден аспект претставува значајна точка за собирање на експертите во областа на трансплантацијата во развиените земји, како и здравствените експерти од земјите во развој и од помалку развиените земји.
„Ова ќе биде научен собир којашто ќе има повеќенасочен интерес врз основа на споделување и размена на информации и искуства“, додаде Кахвеџи.