Sorwar Alam
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Американската актерка и модел Меган Фокс денес го посети античкиот град Троја во северозападната турска област Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
Фокс престојува во Турција по повод снимањето на една од епизодите на документарниот филм „Митови и мистерии со Меган Фокс“ („Myths and Mysteries with Megan Fox“).

Епизодата ја опишува Тројанската војна и ќе биде емитувана на „Travel Channel“ во наредните месеци.
Таа го посети и подрачјето на Бозџада во Чанаккале.
Рустем Аслан, професор на Универзитетот „Онсекиз Март“ во Чанаккале на Фокс ѝ презентираше кратко предавање за градот Троја и неговата митологија.

Троја, лоцирана на ридот Хисарлик, со поглед на егејската крајбрежна рамнина, е едно од најпознатите археолошки локалитети во светот, со својата историја од 4.000 години. Троја е овековечена од страна на древниот грчки поет Хомер во неговите митски епови „Илијада“ и „Одисеја“.
Локалитетот беше додаден на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1988 година. Министерството за култура и туризам на Турција ја прогласи 2018 година за година на Троја, со цел да ја одбележи 20-годишнината.