Hatice Şenses Kurukız
03 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и словенечкиот претседател Борут Пахор имаа телефонски разговор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извор од Кабинетот на турскиот претседател, Пахор на турскиот претседател му честитал за победата на неодамна одржаните избори.
Двајцата претседатели за време на разговорот ја нагласиле одлучноста во поглед на додатно јакнење на билатералните односи во наредниот период.
Во Турција минатата недела беа одржани претседателски и парламентарни избори. Ердоган на претседателските избори победи во првиот круг, добивајќи 52,5 отсто од гласовите.