Özcan Yıldırım
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека од постигнувањето на Договорот од Сочи 22. октомври 2019 неутрализирани се 998 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да пробијат до зоната на операцијата „Извор на мир“ во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека е продолжена одлучната борба против било какви закани на мирот и безбедноста во Турција и прекуграничните подрачја и дека се продолжува со одлучното штитење на интересите и правата произлезени од меѓународното право и договор.
Во последните месец дена на подрачјето на зоната на операцијата „Извор на мир“ се извршени 13 вознемирувања/напади.
„Од договорот во Сочи потпишан на 22 октомври 2019 година до денес, неутрализирани се вкупно 998 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да пробијат во зоната на операцијата „Извор на мирот“, од кои 15 од нив во последниот месец“, се вели во соопштението.
Исто така беше речено дека е уништена значително количество на експлозивни средства.
Тимовите на контрадиверзионата заштита до денес уништија 3.182 мини/експлозивни средства од домашна изработка.
„Уништени се 1.433 тунели, вкупно 161 километар, вклучувајќи го и тунелот што нашите храбри командоси го открија на подрачјето на зоната „Извор на мирот“ на 10 јуни. Во минатиот месец, терористите на ПКК/ЈПГ од Тел Рифат извршија 62 вознемирувања / напади врз областите на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“. На овие напади соодветно се реагирано, а 10 терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се вели и дека во зоните на операциите „Извор на мир“, „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“ се фатени 17 терористи на ПКК/ЈПГ пред да успеат да ги остварат своите терористички намери.
Министерството порача и дека Вооружените сили на Турција ја продолжуваат одлучната борба против терористите.