Erdoğan Çağatay Zontur,Dilara Hamit
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, денес изјави дека Турција направила над 3 милиони тестови на присуство на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 1.315 ја победија борбата против Ковид-19 во последните 24 часа, со што вкупниот број на оздравени лица во Турција изнесува 162.848“, напиша Коџа на Твитер.
Тој изјави дека бројот на оздравени пациенти бил поголем од бројот на нови случаи на заразување.
Во Турција денес се пријавени 27 нови жртви од Ковид-19 во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број на починати изнесува 5.001.
Здравствените работници во земјата направија 42.982 тестирања за вирусот во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на направени тестирања надмина 3 милиони.
Според резултатите од тестирањата, вкупниот број на случаи на заразување со Ковид-19 на национално ниво до сега достигна 190.165, со 1.268 нови пријавени случаи.
Вкупно 893 пациенти се на интензивна нега.
Министерот Коџа во повеќе наврати ја истакна важноста за одржување на социјална дистанца, носење на маски и миење на раце.
Од појавата во кинескиот град Вухан изминатиот декември, новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони.
САД, Бразил, Русија и Индија моментално се најпогодените земји во светот.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 473.000 лица во светот, над 9 милиони се заразени, додека повеќе од 4,5 милиони го победија вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Во изминатите осум дена во светот регистрирани се еден милион новозаразени со вирусот.