Handan Kazancı
19 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија во последните 24 часа неутрализирани се 18 припадници на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на турскиот Генералштаб, турските воздухопловни сили уништија 180 позиции на ДЕАШ вклучувајќи засолништа, контролни објекти и возила на терористичката организација.
Коалициските сили, пак, имаа за цел три позиции на ДЕАШ во 149. ден на офанзивата.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ беше започната на 24 август 2015 година во северниот дел на Сирија со цел неутрализирање на терористичките закани, со акцент на ДЕАШ и со цел зајакнување на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана се поддржани од турските сили, како и од меѓународната коалиција против ДЕАШ.
Турската војска ја поддржува Умерената сириска опозиција во нивната борба за ослободување на подрачјето на Ал Баб од ДЕАШ.
Во соопштението се наведува дека руските авиони гаѓале позиции на ДЕАШ во Ал Баб.
Вчера, руски воен командант изјави дека турските и руските воздухопловни сили ја извеле својата прва заедничка воздушна операција против ДЕАШ во Сирија.