Kenan Irtak,Abidin Mutlu Bozdağ
18 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Припадници на полицијата, со поддршка на хеликоптери, изведува антитерористичка акција во населбата Окмејдани во Истанбул, каде извршија претрес на одредени објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според достапните информации, голем број припадници на специјалните единици за бробра против тероризмот во вечерните саати се наоѓа во истанбулската населба каде се изведува антитерористичката акција.
Припадниците на полицијата извршија упад во неколку објекти во улицата Пијалепаша, додека е извршен претрес во уште неколку објекти.
Во рамките на операцијата во која учествуваат и полициски хеликоптери, на теренот се наоѓаат и противпожарникарни возила и екипи на итна помош.