Ekip
20 Јуни 2021•Ажурирај: 22 Јуни 2021
ТЕКИРДАГ
Пространите полиња со лаванда во турскиот град Текирдаг им нудат на посетителите „бегство во светот на бајките“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во овој турски град се одржуваат „Денови на лавандата“, што голем број на вљубениците во ова растение го искористија за фотографирање.
Лавандата се смета за „волшебно растение“ поради нејзиниот прекрасен изглед и интензивен, смирувачки мирис. Нејзиниот цвет се користи за добивање масло од лаванда, што подоцна се користи како антисептик и во ароматерапијата.
Ова виолетово растение се одгледува претежно на Канарските Острови, во јужна Европа, северна и источна Африка, на Медитеранот, јужна и западна Азија и на југоистокот на Индија.