Турција

Анталија: Трилатерален состанок на Турција, Авганистан и Иран

Покрај турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, учествуваа и иранскиот министер Мухамед Џевад Зариф и нивниот авганистански колега Мухамед Ханиф Атмар

Mehmet Şah Yılmaz  | 20.06.2021 - Обновена : 21.06.2021
Анталија: Трилатерален состанок на Турција, Авганистан и Иран ( Foto: Fatih Aktaş - Anadolu Agency )

АНТАЛИЈА

Во Анталија денес е одржан трилатералниот состанок на Турција, Иран и Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на социјалната мрежа Твитер напиша дека трилатералата е одржана на последниот ден од Анталискиот дипломатски форум (ADF).

Покрај Чавушоглу, учествуваа и министрите за надворешни работи на Иран и на Авганистан, Мухамед Џевад Зариф и Мухамед Ханиф Атмар.

Анталискиот дипломатски форум, чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолија (АА), завршува денес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.