Gökhan Ergöçün
18 Јуни 2021•Ажурирај: 19 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на новоосновани компании во Турција се зголеми за 32,1 отсто на годишно ниво во првите пет месеци оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB) соопшти дека вкупно 45.109 компании се основани во периодот јануари - мај, што е повеќе во однос на истиот период 2020 година кога беа основани 34.159.
Меѓу новооснованите компании, 4.685 се со странско партнерство или се финансираат од странство.
За време на петмесечниот период, 4.207 фирми престанаа да работат, што е пад од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година.