Sefa Mutlu
16 Октомври 2021•Ажурирај: 16 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата којашто се одржа во палатата „Хубер“ во Тарабија, траеше еден час.

По состанокот, Ердоган и Меркел излегоа на балконот на палатата, каде што разговараа одредено време.
Потоа, Ердоган и Меркел имаа заеднички ручек.
Двајцата лидери се очекува да одржат заедничка прес-конференција.
Претходно, Меркел и Ердоган со количка за голф го посетија подрачјето покрај плажата пред вилата. Стоејќи покрај знамињата на Турција и Германија, двајцата лидери ги поздравија домашните и странските новинари.