Sergen Sezgin
17 Октомври 2021•Ажурирај: 18 Октомври 2021
БУРСА (АА) – Во едно засолниште за мечки во Турција, кое е едно од ретките во светот, во тек се подготовките за хибернација, односно зимски сон на гризли мечките, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за спасување и рехабилитација на диви животни „Овакорусу Џелал Аџар“, во северозападната турска област Бурса, е дом на вкупно 74 гризлија, меѓу кои и на 10 младенчиња.
Во рамките на проектот „Слобода за мечките“, засолништето од 1994 година им помага на мечките и на младенчињата кои претходно биле фатени и приморувани да одат по оган и да учат да танцуваат, што во некои делови од земјата е стара традиција.
Во разговор за Агенција Анадолија (АА), шефот на центарот, Азизџан Сезер, ја нагласи важноста на центарот бидејќи тоа е единствено засолниште за мечки во Турција.

Центарот има за цел да ги подготви мечките за пријатна хибернација во текот на зимата во нивното животно подрачје, со зголемување на количината и разновидноста на храната.
„На мечките им даваме високопротеинска и висококалорична храна во текот на периодот на подготовка за хибернација. Дневно им даваме околу 400 килограми храна“, рече Сезер.
Од стручниот персонал, овој подвид кафеава мечка добива храна богата со протеини, прехранбени производи како јаболко, крушка, пилешко, риба и леб.
Периодот на подготовка за хибернација и собирање масно ткиво ќе трае до крајот на ноември, кога се очекува мечките да паднат во зимски сон, а хибернацијата ќе трае помеѓу три и пет месеци.