Muhammet Tarhan
18 Јуни 2021•Ажурирај: 20 Јуни 2021
АНТАЛИЈА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во Анталија се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер го изрази своето задоволство што се состанал со својот колега од Северна Македонија, Османи, на Форумот за дипломатија во Анталија, каде што Агенција Анадолија е партнер за глобална комуникација.
„Наша цел е да ги придвижиме напред нашите билатерални односи на секое поле“, наведе министерот Чавушоглу во објавата на социјалната мрежа.