свет

Белорусија ја очекуваат нови санкции од ЕУ

Министрите на ЕУ се очекува да воведат нови санкции за Белорусија поради притворањето на опозицискиот новинар Роман Протасевич

Ömer Tuğrul Çam  | 21.06.2021 - Обновена : 21.06.2021
Белорусија ја очекуваат нови санкции од ЕУ

БРИСЕЛ (АА) - Министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) се очекува денеска да донесат одлука за нови санкции против Белорусија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат во Луксембург, а главните точки на состанокот се прашањата за Белорусија, Ирак, Латинска Америка и Карибите.

Министрите на ЕУ се очекува да воведат нови санкции за Белорусија поради притворањето на опозицискиот новинар Роман Протасевич.

Со санкциите се планира да бидат опфатени скоро 80 ​​лица и организации вклучени во принудното слетување на авионот во кој патувал новинарот Протасевич.

Покрај тоа, министрите ќе разговараат и за економските санкции насочени кон белоруските сектори како што се банкарството и петрохемиските производи.

Овие санкции се очекува да бидат готови пред Самитот на лидерите на ЕУ на 24 и 25 јуни.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на нивниот денешен состанок ќе се сретнат и со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин.

На состанокот ќе се дискутира за прашања како што се помошта на ЕУ за Ирак, испраќање на делегација на ЕУ за набљудување пред изборите во октомври и неопходната помош за добро организирање на изборите.

- Ќе се зборува и за Турција -

Една од темите на Самитот на лидери на ЕУ што ќе се одржи оваа недела ќе биде Турција, поради тоа Турција е на дневен ред на состанокот на Министрите за надворешни работи на ЕУ.

Официјални претставници на ЕУ наведуваат дека односите меѓу Турција и ЕУ, кои подолго време се напнати, влегле во позитивен насока и дека тие сакаат тоа да продолжи.

Од страната на ЕУ се наведува дека ситуацијата во Источниот Медитеран е мирна и дека тоа го сметаат за позитивно. Исто така, позитивно се оценува и почетокот на билатералните разговори помеѓу Турција и Грција.

Се наведува дека Турција и ЕУ се поблиску едни до други и за регионалните прашања како што се Сирија и Либија во споредба со претходните месеци, но дека Турција и ЕУ имаат различни позиции во однос на Кипар.

На состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург ќе се дискутира за прашања како што се Либан, блискоисточниот мировен процес, изборите во Иран, Русија, Етиопија и дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın