Handan Kazancı
30 Декември 2018•Ажурирај: 31 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 30 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ се уапсени во операција која турските полициски сили ја извршија во изминатите 24 часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано полициско официјално лице за АА изјави дека осомничените биле уапсени за време на претрес на повеќе објекти на подрачјето на Анкара.
„Операцијата е започната врз основа на информации дека осомничените лица подготвувале терористички напади во пресрет на Новата година во Анкара и во другите градови“, изјави извор.
Вкупно 30 осомничени лица се предадени на надлежните турски институции на понатамошно процесуирање, а сите се странски државјани.
За време на претресот на објектите запленети се голем број фалсификувани документи.
Турските вооружени сили водат опсежна борба против терористичката организација ДЕАШ која изврши низа терористички напади низ Турција. Во овие напади животот го загубија најмалку 300 лица.