Ekip
03 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
АТИНА (АА) - Грчките власти објавија дека една жена загинала, а неколку лица исчезнале кога чамец кој превезувал мигранти од Турција потонал во близина на грчкиот остров Калимнос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Крајбрежната стража на Грција наведе дека се спасени 13 лица, откако дрвен чамец потона во нормални временски услови утринава. Се додава дека е во тек потрагата по исчезнатите лица.
Грција во последните неколку месеци забележа пораст на доаѓање на мигрантите. Според податоците на грчката Влада дневниот просек е 200 мигранти.