Burcu Arik
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Одделот на ОН денес на барање на Турција ги прекина врските со група поврзана со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за јавно информирање во ОН (DPI) ги прекина сите врски со Фондацијата на новинари и писатели (JWF), чиј почесен претседател е лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Овој потег дојде по барањето од Постојаната мисија на Турција во ОН, а неколку месеци откако друга агенција на ОН го откажа консултативниот статус на три групи поврзани со организацијата.
Економскиот и социјалниот совет на ОН (ECOSOC), еден од шесте главни органи на ОН, дојде до консензус минатиот април, по гласањето да ги прекине сите врски со хуманитарната фондација „Kimse Yok Mu“, „JWF“ и Турската конфедерација на бизнисмени и индустријалци.
Овој потег беше поздравен како победа од страна на турската мисија во ОН.
Сите три организаци се затворени во Турција поради нивната поддршка на терористичката организација ФЕТО, по обидот за неуспешен удар кој се случи минатата година.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер се виновни за минатогодишниот неуспешен обид за државен удар во кој загинаа 250, а беа повредени 2.220 лица.
ФЕТО исто така стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.