Halit Süleyman
03 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
ИСТОЧНА ГУТА (АА) - Најмалку шест цивили се убиени во нападот кој во местото Дума во Источна Гути го извршија силите на режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмед Абдула, официјален претставник на цивилната одбрана во Источна Гута, рече дека во нападот на силите на сирискиот режим загинале шест, а биле повредени четворица цивили, додавајќи дека меѓу убиените цивили се наоѓа едно дете и една жена.
Тој посочи дека ранетите биле префрлени во теренски болници во таа област.
Aбдула исто така додаде во нападите на силите на Асад е направена материјална штета на станбените објекти.
Инаку, Источна Гута е една од „неконфликтните зони" во областа Дамаск.
Источна Гута, која е без вода и електрична енергија, е под опсада на силите на режимот повеќе од пет години.