Балкан

Премиерот Заев ја повика Грција на соработка со Турција

„Да бидеме умни. Се надевам дека оваа [тензија] нема да се повтори, бидејќи Турција е ваш сосед и наш добар пријател“, изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев

Tevfik Durul  | 17.09.2020 - Обновена : 18.09.2020
Премиерот Заев ја повика Грција на соработка со Турција ( Foto: Arhiva / Anadolu Agency )

АТИНА

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, велејќи дека Турција е сосед на Грција и добар пријател на Северна Македонија, упати повик до администрацијата на Атина за соработка со Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Премиерот Заев кој престојуваше во Атина како учесник на конференцијата „Економист“, во интервјуто што го даде за весникот „Та неа“ (Ta Nea), даде коментар во врска со тензиите меѓу Турција и Грција во Источен Медитеран.

Давајќи ја својата „поддршка" во врска со повлекувањето на турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“, Заев истакна дека ги поддржува политиките на мир и пријателство на Балканот и Југоисточна Европа.

- „Немаме потреба од ескалација на проблемите“

Потенцирајќи дека граѓаните не сакаат повеќе проблеми, туку зголемување на соработката, Заев истакна: „Немаме потреба од ескалација на проблемите. Се наоѓаме во 21 век и ја доживуваме 4. индустриска револуција. Затоа, пред земјите на Западна Европа, САД и Кина, треба да стоиме како единка.“

Заев посочи на важноста на моќните врски меѓу земјите од регионот и додаде: „Да бидеме умни. Се надевам дека оваа [тензија] нема да се повтори, бидејќи Турција е ваш сосед и наш добар пријател.“

На прашањето во однос на тоа дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, има за цел да стане лидер на муслиманите од Европа и Балканот, Заев одговори: „Не. Граѓаните имаат потреба од лидери кои ги гледаат како граѓани. Јас доаѓам од повеќенационална држава. Во Северна Македонија 70 % од населението се христијани, но 25-26 % се муслимани и сите ние живееме заедно.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.