Meryem Göktaş
10 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
ЕДРЕНЕ (АА) - Безбедносните сили приведоа 195 мигранти без документи ширум Турција, изјавија денес официјални претставници кои сакаа да останат анонимни, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според безбедносен извор во областа Едрене задржани се 160 лица без документи.
Се додава дека мигрантите се државјани на Сирија, Палестина, Бангладеш, Авганистан, Алжир, Мароко, Ирак, Шпанија и Непал. Сите притворени се предадени на турските органи задолжени за менаџирањето со миграциите.
Во друга акција, во областа Ван, приведени се уште 35 лица без документи, кои илегално влегле во Турција. Станува збор за авганистански државјани кои исто така се предадени на надлежните органи за миграции.
Во изминатите десет години во областа Едрене забележан е пораст на мигрантите од Пакистан, Сирија, Палестина, Мјанмар, Авганистан, Мароко, Иран и Ирак.
Само во текот на 2017 година турските безбедносни сили приведоа 50.000 мигранти од 50 земји. Станува збор за пораст на бројот на мигранти за 60 отсто во однос на 2016 година, кога беа приведени 31.000 мигранти.