Serdar Yiğit
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
ЌУТАХИЈА (АА) - Сердар Јигит -
Брачниот пар Наим (71) и Фериде Ѓун (66) од Ќутахија, Турција, по големиот проблем со загревањето на домот од 150 квадратни метри се одлучија да живеат во мала куќа која ја обложиле со 160 бали сено, пишува Anadolu Agency (AA).
Селото Муратли во Доманич, на планината Улудаг, веќе девет години е дом на овој брачен пар кој ја минува зимата со само три тони огрев.

Наим раскажа дека за проблемите со загревањето на куќата побарал помош од неговиот син Мехмет. Синот потоа им предложил да направат куќа од слама.
„Речиси 40 години живеевме во куќа изградена од бетон. Кога синот ми рече да направиме куќа од слама го прашав дали е можно да се направи таква куќа. Рече дека тој ќе ја направи, и дека јас ќе се уверам во тоа. Тоа и го стори, ја направи куќата и веќе девет години живееме во неа и многу сме задоволни“, раскажа Наим.
Тој потсети дека живеат во планинско подрачје каде што поголем дел од годината е многу ладно и со ниски температури.
„Во моментов, со помош на шпоретот на дрва кој го ложиме наутро, ја одржуваме температурата до вечерните часови, зимата ја минуваме со околу три тони огрев. Заштедивме 50 отсто на греењето. Удобност пронајдов во куќата во којашто претходно се сомневав“, објасни Наим.
Сопругата Фериде кажа дека температурата во куќата е онаква каква и всушност треба да биде - зиме топло, а во лето ладно.