Zehra Ulucak
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
КАТМАНДУ (АА) - Пред почетокот на сезоната за искачување на Монт Еверест, планинарите го почнуваат чистењето на врвот на оваа планина, јавува Anadolu Agency (AA).
Дамбар Параџули, еден од членовите на експедицијата од Непал, истакна дека на планинарите им делат кеси за ѓубре кои подоцна со хеликоптер ќе бидат префрлени во главниот камп.
Тој нагласи дека планинарите и водичите кесите ќе ги носат до врвот на Еверест, а секоја од нив може да собере околу 80 килограми ѓубре.
Планинарите кои сакаат да го освојат Монт Еверест зад себе оставаат големо количество на ѓубре.
Врвот на Монт Еверест први го освоија Новозеландѓанинот Едмунд Хилари и непалскиот водич Тензинг Норџеј.