Hakan Çopur
04 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана, Питер Кук, соопшти дека целта на воздушните напади изведени од страна на американските единици, вчера, во Сирија, бил лидерот на Ал Каеда, Ебу ел-Фараи ел-Масри, јавува Anadolu Agency (AA).
Кук даде пишано соопштение за нападот извршен врз подрачјето во близина на сирискиот град Идлиб.
Портпаролот на американското Министерство за одбрана истакна дека Ел-Масри во Сирија е познат под името Ахмед Саламах Мабрук и дека сè уште не е утврдено дали е убиен.