Sinan Uslu
04 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Коалициските сили во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, во северниот дел на Сирија изведоа девет воздушни напади во кои се неутрализирани 12 припадници на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Уништени се два објекта во кои се криеле припадниците на споменатата терористичка организација, како и Центарот за управување.
Меѓу другото, во рамките на истата офанзива, турските вооружени сили уништија седум подвижни цели, четири возила натоварени со оружје, како и привремени засолништа на ДАЕШ.
Офанзивата се спроведува веќе 42 дена.