Ekipa
13 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
КАТМАНДУ (АА) - Најмалку 47 лица загинаа во поплавите и свлечиштата кои во јужниот дел на Непал беа предизвикани поради обилните врнежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на непалската полиција Пушкар Ларки, утринава соопшти дека се стравува оти билансот на загинатите значително ќе се зголеми бидејќи уште две групи на луѓе од две места, се водат како исчезнати под свлечиштата.
Тридневните обилни врнежи предизвикаа поплави и голем број на свлечишта во девет подрачја од јужната непалска покраина Хималајан.
Поплавени се патишта, аеродроми, оштетени се водоводни, телекомуникациски и електродистрибуциски мрежи, а илјадници станбени објекти се под вода.
Обилните врнежи пропратени со поплави и свлечишта во Непал се честа појава по монсунската сезона која трае од јуни до септември.