Fatjon Cuka
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
ТИРАНА (АА) - Во две различни операции во последните часови полицијата во Албанија заплени 1.009 килограми наркотични средства од видот канабис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалното соопштение на Генералната полициска дирекција на Албанија, во Влора полициските сили заплениле 932 килограми канабис, додека Граничната полиција во Ќафасан запленила 77 килограми канабис, а биле приведени двајца бугарски државјани.
Полицијата потврди дека државјаните на Бугарија се 39-годишниот Н.М. и 55-годишниот Ш.Д, кои се обвинети за кривично дело „обид за трговија со дрога во соработка со друго лице“.
Потсетуваме, во последните месеци полициските структури извршиле неколку операции низ целата земја при што заплениле значителен износ на наркотици.