Nuray Tunçay
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
БАГДАД (AA) – Ирачкиот премиер Хаидар ал-Абади соопшти ека ирачките сили започнаа воена операција на ослободувње на Фалуџа кој е под контрола на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„На народот му соопштувам дека ќе направиме се за да ирачкото знаеме се вее во Фалуџа. Ќе ги искинеме црните знамиња на терористите кои ни го украдоа тој град. Одsвони часот за ослободување на Фалуџа и победата е многу блиску. ДАЕШ нема друга опција освен да бега. Нашите сили отворија коридори за евакуација на цивилите од тоа подрачје за да не се најдат на местото на судирот", рече ал-Абади во обраќањето до јавноста.
Терористите на ДАЕШ ја контролираат Фалуџа од 2014 година кога го заземаа и Мосул, а ирачките сили составени од војската, полицијата, шиитската полиција и сунитските племенски сили покренаа опсежна операција за ослободување на тој град кој се наоѓа во ирачката покраина Анбар.