Haydar Hadi
26 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките власти градат нов нафтовод за транспорт на нафта од Киркук во турското пристаниште Џејхан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на ирачкото Министерство за нафта, Азим Џихад, соопшти дека ресорниот министер Џабар Луајби ја издал потребната согласност, а наскоро ќе биде објавен и тендер за избор на изведувачот на работите.
Во соопштението се наведува дека новиот нафтовод ќе биде алтернатива на стариот и со терористички напади оштетен нафтовод на таа рута. Се протега преку градот Баиџи и пограничниот регион Фишбаур.
Транспортот на нафта од Киркук кон Џејхан беше прекинат летото 2014 година, кога северните ирачки подрачја беа окупирани од терористичката организација ДЕАШ.