Eshat Fırat
26 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за здравство и лидер на ултра-ортодоксната „Yahudot Ha Tora“(UTJ), Јаков Лицман, поднесе оставка поради скандалот поврзан со еврејскиот празник Шабат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми јавуваат дека Лицман оставката ја поднел утринава на седницата на израелскиот парламент, Кнесет, а дека претходните обиди за преговори со премиерот на таа земја, Бенјамин Нетанјаху, не вродиле со плод.
Партијата на Лицман и покрај неговата оставка ќе остане како шеста политичка опција на актуелната коалициска влада на Израел на чие чело е паријата на Нетанјаху, „Ликуд“.
Во петокот, ресорниот изралески министер Хаим Кац соопшти дека е потпишан договор и дека извршувањето на поправката на железничките пруги ќе биде продолжено во сабота, еврејскиот празник посветен на одморот.
Кратко потоа, Лицман го извести премиерот Нетанјаху дека ќе поднесе оставка поради неприфатливо владино кршење на еврејските начела.
Верскиот поглавар на хасидиските Евреи, Јаков Арије Алтер, го поздрави потегот на Лицман и порача дека е недопустливо да се работи за време на празникот Шабат.
Израелскиот весник „Maariv“ потсетува дека слични кризи предизвикани со работење на јавните институции на Шабат преживеале и владите во 1976 и 1999 година кога на функцијата премиер беа Исак Рабин, односно Ехуд Барак.