Mehmet Tosun
13 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
АНКАРА (АА) – Најмалку 6 лица загинаа во западниот дел на Иран од силниот земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтер, кој го погоди пограничното подрачје меѓу Ирак и Иран, јави иранската државна телевизија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД) Мехмед Ѓулуоглу изјави дека спроед информациите добиени од иранските власти во земјотресот загинале 6 лица.
Американскиот геолошки завод соошти дека епицентарот на земјотресот бил на 32 километри југозападно од градот Халабче, долж ирачко-иранската граница, на длабочина од 33 километри.
Земјотресот се почувствувал и во останатите делови на Ирак, но и во некои делови на југоисточна турција и делови од Иран.
Турскиот министер за здравство, Ахмет Демирџан за АА изјави дека Националниот медицински тим за спасување (УМКЕ) и екипите за итни интервенции се подготвени да им помогнат на жителите во северен Ирак погодени од земјотресот.

Кон погодените подрачја од земјотресот утатени се екипи на турската Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД) и турската Црвена полумесечина.