İdris Okuducu
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
СУЛЕЈМАНИЕ (АА) - Епицентарот на земјотресот кој го погоди Ирак се случи во местото Халепче. Во земјотресот со интензитет од 7,2 степени, според првичните информации има 50 повредeни, јавува Anadolu Agency (AA).
Мирхан Мухамед, директорот за здравство на областа Сулејмание, која е дел од Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак за локалните медиуми изјави дека според првичните информации, во местото Дербендихан досега има 50 повредни.

Во изјавата на директорот Мухамед се истакнува дека повредените се пренесени во болниците во центарот на Сулејмание.
Управителот на околија на Дербендихан по земјотресот даде изјава во која побара итна помош од владата.
Управителот на околија наведе дека е многу голем бројот на повредени, истакнувајќи дека некои лица се во тешка здравствена состојба.
Американскиот геолошки завод информираше дека земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Ирак и дека епицентарот на земјотресот се случил 32 километри југозападно од местото Халепче, на длабочина од 33,9 километри.

Земјотресот се почувствувал во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Багдад, а голем број граѓани, плашејќи се од нови потреси, ги напуштија своите домови.
Ирачката телевизија првенствено објави дека „според првичните проценки земотресот е со интензитет од 4 до 5 степени”, информирајќи дека се забележани оштетувања на куќи во некои населени места во Керкук и Сулејмание.