Hamdi Çelikbaş
13 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на владата на Турција и владин портпарол, Бекир Боздаг информираше дека Турција веднаш по земјотресот кој вечерва го погоди Ирак испратила 4.000 шатори, 7.000 ќебиња и шлепер со храна во подрачјето погодено од земјотресот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од прес центарот на владата на Турција се вели дека по земјотресот кој го погоди Ирак во 19:18 часот по средноевропско време со интензитет од 7,2 степени, не предизвикал материјални и човечки загуби во Турција.
По земјотресот турската Црвена полумесечина од магацините во пограничните подрачја започнала да подготвува помош за Ирак.
Портпаролот на владата и Вицепремиерот Боздаг информираше дека од местата близу границата со Ирак, кон граничниот премин Хабур се испратени спасувачки екипи, 4.000 шатори, 7.000 ќебиња и шлепер со храна за луѓето во загрозените подрачја на Ирак.