Mümin Altaş
13 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денес порача дека неговата земја со сите свои ресурси е на располагање на загрозените од разорниот земјотрес кој го погоди Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сакам нашите браќа погодени од потресот да знаат дека Турција со сите свои ресурси е со нив. Турција веќе ги прави сите чекори за да пружи помош најнапред во вид на праќање медицински и прехрамбени артикли, а првиот конвој со помош веќе е испратен“, порача Јилдирим во пишано соопштение.
Турскиот премиер нагласи дека неговата земја од првиот момент била со народот на Ирак, пред сѐ граѓаните на Сулејмание, каде што беше и епицентарот на земјотресот со јачина од 7,3 степени по Рихтер. Конвојот на Турската црвена полумесечина веќе е упатен во погодените подрачја.
Најмалку 211 лица загинаа во западниот дел на Иран во синоќешниот силен земјотрес кој го погоди ирачкото градче Халабџа, во близина на ирачко-иранската граница.