Ekipa
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Во експлозија на бомба поставена покрај патот загинаа најмалку седум цивили во јужната авганистанска покраина Хелманд, соопштија официјални лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Салам Кан, член на советот на покраината, потврди дека во еклсплозија на бомба загинале седум цивили и дека уште тројца се повредени.
Омар Звак, гласноговорник на гувернерот на Хелманд, потврди дека нападот е изведен но не даде подетални информации.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Инаку, во овој регион силно е присуството на талибанските милитанти.