Emel Öz Gözellik
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Северна Кореја ги нарече чин на војна новите санкции усвоени во петокот од страна на Советот за безбедност при Обединетите нации (СБОН), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи, пренесено од севернокорејската новинска агенција КЦНА, се вели дека новите санкции се „чин на војна“, кој ја поткопува стабилноста и мирот на Корејскиот Полуостров и регионот.
Се истакнува дека овие санкции се насочени кон целосна економска блокада на Пјонгјанг.
Северна Кореја истакна дека земјите што ги поддржаа санкциите ќе ја платат цената.
Резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на ОН во петокот го забранува извозот во Северна Кореја на околу 90 отсто нафтени производи, додека севернокорејските државјани кои работат во странство треба да се вратат во земјата во рок од 24 месеци.
Резолуцијата уследи по тестирањето на нов проектил од страна на Северна Кореја.