Ayşe Aktaş
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ГВАТЕМАЛА (АА) – Тројца поранешни министри беа уапсени во истрагата за корупциска вмешаност на поранешниот претседател на државата, Ото Перез Молина, во Гватемала, јавува Anadolu Agency (АА).
Според изјавата на Јавната обвинителка, Телма Алдана, поранешните министри за одбрана, Улисес Анзуело и Мануел Лопез, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, Маурицио Лопез Бонила, потрошиле 4,3 милиони долари државни пари за купување на куќа, брод и хелихоптер како роденденски подароци за претседателот на државата, Молина.
Како што вели Алдана, поранешните министри се соочуваат со кривично дело за перење пари и креирање заговор.
Министерот за внатрешни работи, Франциско Ривас, соопшти дека е издадена одлука за меѓународна потерница за апсење на поранешниот министер за енергетика, Ерик Арчила и за поранешниот министер за комуникации, Алехандро Синибалди, осомничени во рамките на истрагата за корупција.
Во земјата, во текот на минатата недела беа уапсени 23 лица врз основа на нивна вмешаност во нелегалното финансирање на Молина.
На Молина и на неговата помошничка, Роксана Балдети, им се суди во врска со неколку покренати обвиненија за корупција.
Истрагата за корупција во Гватемала се спроведува заеднички, од страна на Комисија поддржана од ОН и локалните обвинители.